Носењето маска стана задолжително во сите јавни простори и површини во Брисел, после зголемениот број на новозаразени со корона вирус, со што градот е сместен меѓу најпогодените од заразата во Европа, пренесува Ројтерс.

Белгиската престолнина, дом на седиштето на ЕУ и НАТО, изминатата седмица забележа 50 случаи на 100 илјади жители дневно, што е најмногу досега.

Отсега сите 1,2 милиони граѓани мораат да носат маски во парковите, на улиците и другите јавни места, како и во приватните простории кои се отворени за јавност, објави регионалната влада.

Маски не мора да носат деца помлади од 12 години, оние кои се занимаваат со спортски активности или обавуваат физичка работа.

Досега маските беа задолжителни само на јавните места каде има многу луѓе, како и во затворените простори, како трговските центри.

Белгија е тешко погодена со пандемијата, со речиси 10 илјади починати на 11 милиони жители, што ја сместува меѓу земјите со најголем број на починати во однос на вкупната популација во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.