Според мерните станици за мерење на квалитетот на воздухот денеска до 13.30 часот во општина Велес се измерени 921 ПМ 10 честички на метар кубен, што е над 18 пати повеќе од дозволеното.
Старо-новата влада и во минатото, но и денес во предизборниот период ветуваше итни мерки против загадувањето на воздухот и после скоро 4 години година дена дури и во летниот период кога не е грејна сезона, загаденоста е над дозволеното ниво.
Во текот на зимата загаденоста на воздухот беше екстремно висока, а владата и локалните власт не презедоа никакви мерки за намалување на загадувањето. Едни од најзагадените градови беа Скопје, Тетово, Велес, Гостивар, Кичево, Битола и Струмица чии граѓани во голем број ги полнеа болниците поради проблеми со дишењето заради загадениот воздух.
Главниот град во поголем дел од зимскиот период се наоѓаше и во топ 10 најзагадени градови во Светот, а владата не направи ништо за да го намали загадувањето. Само чекаа да стопли времето и со завршување на грејната сезона се надеваа дека никој повеќе нема да ја забележува загаденоста.
По се изгледа дека и оваа зима повторно граѓаните ќе се соочат со истиот проблем кои веќе со години наназад го имаат, бидејќи ниту локалните власти а ниту централната власт vне знае како да се справи со енормното загадување на воздухот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.