Скопјанецот Никола Петкоски прележал свински грип, „фатил“ и ковид-19, а по оздравувањето ќе донира крвна плазма за да спаси нечиј живот, пишува „ММС.мк“.

И сега не знам од каде се заразив. Работам на ЈЗУ УК Државна кардиохирургија, но сум сто проценти сигурен дека не сум се заразил на работа, бев доволно заштитен. Се си мислам дека ми е од возењето во автобус, додека одев и се враќав од работа. Медицинско лице сум, на работа сме со визири, маски, очила и се како треба. Или можеби имало некој околу мене, некој што бил заразен, а криел. Што е многу полошо. Јас веднаш штом почувствував симптоми се јавив на работа и кажав дека додека не се тестирам нема да доаѓам. Веднаш се јавив на матичната, која ме праша кои симптоми ги имам и кажав дека немам мирис и вкус, дека чувствувам малаксаност и многу силна кашлица. Господ здравје да и даде на матичната д-р Светлана Пејова, таа беше во контакт со мене сите 24 дена. Таа ми закажа следниот ден да се тестирам во Поликлиника „Јане Сандански“ и ден по тестирањето ми се јави да ми каже дека сум позитивен. Веднаш се јавив на работа и кажав. На работа не одев од 25 мај, поделени сме во групи и требаше да почнам од први јуни. Но, ете што се случи, вели Никола.

Тој имал среќа целиот период да го помине дома, во самоизолација. Матичната докторка му организирала транспорт до Инфективна клиника, каде му ги направиле сите потребни прегледи, му дале терапија и се вратил дома.

Јас сум крводарител, имам 28 години, а досега имам дарувано крв дури 44 пати, и плус тромбоцити. Следен чекор е дарување крвна плазма. Не се мислам за тоа ниту момент. Првата прилика кога треба, ќе одам на проверка и доколку ги исполнувам условите веднаш ќе донирам.

Целиот текст тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.