Досега ниту еден од персоналот на Инфективната клиника во Скопје не е заразен со коронавирус. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека ист е пристапот кога се работи за луѓе кои биле во голем, среден или низок ризик со тие кои имаат дијагностицирано болест, позитивни на коронавирусот. Потсети дека има кол-центар кој веќе е во функција и смета дека комуникацијата со матичните лекари значајно ќе им олесни на пациентите.

Кај својот матичен лекар, кој веќе ќе располага со оној електронски алгоритам, ќе може да утврди дали тој пациент е соодветен за тест или не. Согласно податоците, контактите, патувањата во странство, евентуален контакт со заболен… Од утре овој променет систем значајно ќе им олесни на граѓаните, рече Филипче.

Министерот за здравство информира дека се контактирни се сите оние на кои им бил направен тест. Објасни дека понекогаш минуваат 24 часа или помалку и додаде оти тоа ќе се расчисти утре.

Не може да се земе материјал ниту пак има потреба на било кого, мора да има некакви епидемиолошки податоци. И тоа добро ќе го изменаџираат и матичните лекари со поддршка од епидемиолози од Институтот за јавно здравје. Значи доколку е земен материјал, тие или се контактирани или ќе бидат во рок од 24 часа. Материјалите во ИЈЗ се пуштаат во неколку наврати, во неколку групи, сега стигнуваат од целата земја. Од утре ќе има таков систем со кој се зголемува и капацитетот. На располагање е и лабораторијата во Ветеринарниот институт, која беше потврдено дека е со соодветен стручен капацитет и акредитација за таа работа, рече Филипче.

На поплаките од граѓаните кои доаѓаат од странство, дека со часови чекаат за да бидат преземени од граница до објектот за групен карантин во Демир Капија, дека со часови немат храна и вода, Филипче апелираше на трпеливост. Информира дека разговарале за ова и додаде оти ќе се вклучат и од МТСП и апелираше луѓето да бидат трпеливи. Капацитетот, како што рече, е голем, може да ги прими сите и ова правило мора да се почитува.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.