Во Македонија за една недела починаа 25 пациенти од компликации од ковид-19, а ниту еден од нив не бил вакциниран, соопштија од Министерството за здравство.
Во период шести до 12 август годинава, на територија на државата 3.497 граѓани биле позитивни од тестирани, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%. Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е 100%, покажува анализата, велат од МЗ.
Министерството за здравство започнува со редовни анализи на неделно ниво, која секој петок ќе ја објавува во јавноста, а се однесува на процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од Ковид 19 во државата. Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.