Лошата и нездрава храна годишно убива повеќе луѓе отколку пушењето цигари, покажа едно истражување во списанието „Лансет“. Секоја петта смрт во светот е поврзана со она што го јадеме, а тоа е главна причина за најголем број смртни случаи, пренесува „Би-би-си“.
Како што нагласуваат истражувачите, ова не е студија за дебелината, туку за лошиот квалитет на исхраната која предизвикува срцеви проблеми, канцер, дијабетес.
Студијата утврдила неколку карактеристики на исхраната: премногу сол, недоволно житарки и премала количина овошје. На ова треба да се додаде и недоволно јаткасти плодови, семки, зеленчук, омега три масни киселини и влакна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.