Киселите краставички и другиот зеленчук од туршија се нешто што не може секој да го јаде поради специфичниот вкус. Сигурно и досега сте знаеле дека се здрави, но она што најверојатно не сте го знаеле е дека киселите краставички имаат позитивен ефект на луѓето кои страдаат од анксиозност.
Научниците откриле дека ферментираната храна, како што се киселите краставички, киселата зелка и јогуртот, може да ги намалат социјалната анксиозност и невротизмот.
За тоа се заслужни пробиотиците или здравите бактерии од овие производи. Се верува дека тие влијаат на микробиомот во цревата, што потоа има позитивен ефект на мозокот со тоа што ги зголемува ГАБА нивоата. Тоа е трансмитерот што ја регулира анксиозноста и неговото зголемување делува како лек против тоа.
До овие заклучоци дошло едно истражување што опфатило 710 студенти и ги следело нивните симптоми на анксиозност, невротичност и социјалната фобија во однос на тоа колку ферментирана храна имале јадено.
Со зголемена консумација на оваа храна, тие нивоа се намалувале. Факт е дека секој организам се разликува по хемискиот состав и се случуваат поинакви промени на микро ниво. Поради тоа, потребни се уште истражувања на оваа тема за да се дојде до поконкретни заклучоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.