И покрај препораките на Владата да се остане дома, синоќа кафетериите на бензинските пумпи беа полни со луѓе, претежно млади кои изнајдоа решение за вечерното излегување.
Несовесноста може скапо да нѐ чини!
И покрај препораките на Министерството за здравство на Македонија, и покрај реалниот ризик од корона вирусот, македонските граѓани се непомирливи практикувачи на собири за заедничко кафе. Не ги премислува ниту затворањето на кафеаните и кафулињата. Тие се креативни, па ги користат кафетериите на бензинските пумпи како места за вечерно дружење. На тој начин, не се изложени на ризикот од корона вирусот само уживателите на кафе и муабет, туку и вработените на бензинските пумпи“-објави на својот ФБ профил, Јорго Огненвски, претседател на партијата Демократи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.