Според последниот дневен извештај на Министерството за здравство, во последните 24 часа, регистрирани се 13 нови случаи на КОВИД-19 од Тетово – 7, Скопје – 6. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, биле тестирани 3.404 лица.
Исто така регистриран e 1 оздравен пациент од: Прилеп, а не се регистрирани починати пациенти, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 906.529 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.783, бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 172.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.