Венко Филипче, министерот за здравство изјави дека нема отсапка, ставот невакцинирани деца нема да ги примаат во училиште и во градинка.
По неофицијалните информации дека во некои училишта не ја почитуваат одлуката и примаат деца без примени вакцини, Филипче најави дека неделава ќе заседава Комисијата за заразни болести и не е исклучена можноста да има нови препораки.
Министерот најави дека ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторар и ќе има казни за тие што не ја почитуваат одлуката.
Минатата недела биле регистрирани 5 случаи, сите деца кои не биле вакцинирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.