Нема опасност од зараза со МРСА, во Стоматолошкиот клинички центар се преземени сите превентивни мерки, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Од страна на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон-Скопје сме информирани дека нема опасност од зараза со МРСА, откако кај еден од вработените е најдена оваа бактерија. Во установата се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Вработениот кај кој е потврдено присуство на бактеријата, е изолиран и не доаѓа на работа. Превентивно, извршена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории, соопшти МЗ.
Веќе се вршат превентивни прегледи и на останатите вработени во установата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.