Во периодот од 14 до 20 септември не се пријавени нови случаи на мали сипаници, информираат од Инстутот за јавно здравје на Македонија.
Заклучно со 20.09.2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во Републиката изнесува 1.899, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители. Се уште е во тек е епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија. Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, најголем број се регистрирани во Скопје – 997, а највисока инциденца се регистрира во Струга -165,1/100.000.
Возраста на заболените се движи од 1 месец до 63 години. Најголем број на заболени се на возраст над 30 години – 852 (44,9%), а највисока инциденца од 1.394,8/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година.
Според вакциналниот статус, 1.528 (80,5%) од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.