Ретката болест „лупус“ е причината за влошување на состојбата кај 29-годишната родилка од Охрид која почина од сепса на скопските Клиники 10 дена по породувањето на охридското гинеколошко одделение, тврди Охридската болница од каде утринава, преку соопштение, се огласија за случајот и велат дека според нивните направени анализи, не станува збор за лекарска грешка како што деновиве се шпекулираше во јавноста.
На ден 11.06.2019 год. во 04:00 на ГАО-Охрид примена е пациентка првородтка во термин за породување. Пациентка на 29 год. возраст со хронична системска болест LUPUS и од детска возраст со имуносупресивна терапија. Направен е итен царски рез, добиен жив женски плод 2130/46 во добра состојба. Оперативен и ран постоперативен тек уреден. Петтиот постоперативен ден поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест конзилијарно е одлучено пациентката да се препрати во терциерна установа GAK-Скопје за понатамошен третман. Во тек на престојот на GAO-Охрид земен е брис од рана од родилката и истиот е стерилен (резултат добиен од Центар за јавно здравје Охрид). Следниот ден на GAK е направена (мултидисциплинарна) ревизија и е констатирано дека е исклучена гинеколошка компликација” – велат од Охридската болница.
Еден ден откако пациентката била примена на Гинекологија во Скопје, стручниот колегиум на болницата врз основа на конзилијарно мислење на тројца гинеколози, абдоминалец и пластичен хирург одлучил таа да биде поставена на машина за дишење.
На Клиниката за гинекологија и акушерство веднаш е ставена на интензивно лекување, во шок соба и суспектна за сепса. Во текот на целиот престој на ГАК е мултидисциплинарно третирана. Од ехо-прегледот гинеколозите исклучија гинеколошко страдање. И покрај сите напори на лекарскиот тим, состојбата постојано се влошуваше. Пациентката во исклучително лоша состојба, во петокот во 14 часот е префрлена на КАРИЛ, каде и починала два часа подоцн“ – соопштија од Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.
Нејзиното бебе е во добра здравствена состојба, а денеска ќе биде предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.