Наместо лекување и право на живот, како тргнало пациентите на клиничкиот центар ќе имаат „право“ исклучиво да умираат. Така, и оправдано клиниките ќе можеме да ги наречеме со едно име – клиника за умирање. Потврда на овој морбиден заклучок е изјавата на директорот на Клиниката за абдоменална хирургија, Зоран Караџовски, дадена за Нова ТВ.
Шеесет и едногодишна жена починала во неделата на КАРИЛ, од сепса која ја добила од пукнато дебело црево, откако претходно била препраќана од клиника на клиника и шетана по болничките ходници, при што било изгубено драгоцено време, тврди за телевизијата извор близок на семејството.
Директорот на Клиниката за абдоменална хирургија, Зоран Караџов, за изјавил дека нема зошто да објаснува на медиуми за случајот и тоа ќе го стори само на барање на Министерството за здравство.
Примена е сабајле кај нас во четвртокот и е оперирана попладнето. Не е шетана од клиника на клиника. Се што треба ќе објаснам на Министерството за здравство, ќе им ја дадеме и потребната медицинска документација. Нема ништо чудно во случајот, секој има право да умре, рекол Караџов.
Семејството на починатата жена раскажува низ каква голгота минала таа.
Целиот текст прочитајте го на НОВА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.