Негувателка во градинка во Кавадарци е позитивна на Ковид-19. Во изолација се 13 деца, една негувателка и една воспитувачка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.
Изминатите 24 часа регистрирани се 44 случаи позитивни на коронавирус во Тиквешијата. Дваесет и четири од Кавадарци, по десет од Неготино и од Демир Капија – истакна Јовановски.
Тој додаде дека се утврдуваат нивните контакти, со цел да се изолираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.