Министерит Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека пациентот за кој се чекаа резултати утрово е негативен, додека шоферот кој ја возеше со комбето жената заразена со Корона од Италија, попладнево сам повикал лекарска екипа, откако почувствувал симптоми. Филипче информира и дека состојбата на пациентката на Инфективна клиника е засега стабилна.

Пред неколку часа возачот на комбето сигнализирал дека има сима симптоми на кашлица и болки во градите, првично е сам дома немал контакти со семејството, сам ги повика лекарите за да биде спроведен во делот за изолација во болница во Струмица, резултатите од неговата состојба ќе биде подоцна соопштени, кажа Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.