Хирургот Ридван Бајрами, кој завчера со целиот тим на ГОБ „8 Септември“ посветено работеше да им се помогне на повредените од трагичната сообраќајна несреќа која се случи кај селото Лескарци, за Женски магазин вели дека се чуди од каде ја црпел силата.
Во вакви ситуации, треба да бидеш психички јак, да не се предаваш. Јас верувам во Господ, и мислам дека на целиот тим тој ни даде сила брзо да се организираме и да реагираме. Бев дежурен на работа кога се случи несреќата, и за половина час, заедно со тимот, успеавме да организираме 37 пациенти да се сместат на соодветните одделенија во болницата, раскажа доктор Бајрами за Женски магазин. Тој вели дека не бил на работа 27 часа како што првично беше пренесено, туку повеќе од 30 часа.
Тој истакна дека не сака кога во јавноста докторите се прикажуваат како херои.
Ми значи поддршката од целата јавност секако. На Фејсбук, имам преку 1.000 пораки. Им благодарам на сите што ми пишаа, но немам време на сите пораки да одговорам, за жал, додаде докторот со големо срце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.