Мистериозниот вирус предизвикува пневмонија кај пациентите, а сè уште не се знае колку е опасен, пренесува Би-Би-Си.

Примероците од вирусот биле земени од пациенти и тој бил подложен на лабораториски тестови, по што Светската здравствена организација заклучила дека станува збор за коронавирус. Коронавирусите често напаѓаат животни, но само шест од нив ги напаѓаат луѓето. Тешкиот акутен респираторен синдром, познат како САРС, кој исто така предизвикува го коронавирусот, уби 774 лица од 8.098 заразени кога избувна епидемија во 2002 година.

Коронавирусите можат да предизвикаат лесна настинка, но може да бидат и смртоносни. Симптомите што ги предизвикува се слични на симптомите на настинка, што е загрижувачко, но не толку опасно како САРС.

Коронавирусите доаѓаат од животни , како на пример вирусот на САРС што се пренесе од еден вид кинеска мачка кај луѓето.

Причината зошто вирусот се појави токму во градот Вухан во Кина  е веројатно големината на земјата и густината на населението, како и блискиот контакт со животните кои го пренесуваат вирусот.

Најтешното нешто во врска со овој вирус е тоа што се чини дека не се пренесува од личност на личност. Ова е голем проблем со вирусите кои што инаку ги заразуваат белите дробови, затоа што тие лесно се шират и епидемиите се чести затоа што лесно се пренесуваат. Да беше пренесувана од личност на личност, здравствените работници ќе беа заразени до сега, но тоа не се случило. Сепак, некои експерти веруваат дека е рано да се тврди дека оваа инфекција не се пренесува од човек на човек.

Засега инфекцијата не се шири брзо. Сите 59 пациенти имале симптоми помеѓу 12 и 29 декември 2019 година, а по нив нема нови случаи. Сепак, остануваат загриженоста и претпазливоста, особено затоа што може да се случи сериозно ширење на вирусот доколку некој од заразените се најде на масовна прослава на кинеската нова година.

Заразените лица се третираат во изолација за да се минимизира ризикот од ширење на вирусот. Состојбата на повеќе од 150 луѓе кои биле во контакт со заразените, постојано се следи за да се види дали тие покажуваат какви било знаци на болеста. Покрај тоа, пазарот на морски плодови е затворен за да се исчисти и дезинфицира. Туристите исто така се контролирани дали имаат некакви симптоми.

Сега, кога немаме доволно информации, тешко е да се каже колку треба да бидеме загрижени. Додека немаме потврда за изворот на инфекцијата, нема да се грижиме“, вели еден од лекарите што го проучувал вирусот.

 

Треба да бидеме загрижени за секој вирус со кој луѓето се соочуваат. Откако ќе дојде во контакт со човечки клетки, може да мутира, да започне да се шири побрзо и да стане поопасен. Не сакаме да му дадеме шанса, објаснува друг лекар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.