Не планираме рестрикции и дополнителни мерки поради случајот на индиски сој во земјава, но будно ја следиме ситуацијата и епидемиолошката состојба“, вели министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека досега околу 240 илјади граѓани се вакцинирани, а околу 200 илјади се вакцинирани.

Ако детектираме дека има ризик од заразување во ноќните клубови и локалите, тогаш повторно ќе воведеме посебни мерки“, рече Филипче,додавајќи дека немаме прецизни информации за тоа каков е ризикот од заболување со индискиот сој.

Во Македонија засега се потврдени два случаи на индискиот сој на коронавирусот во земјава. Се работи за двајца граѓани кои престојувале во Ирак.

Вториот заболен симптимите ги пројавил подоцна од првиот кoj бил регистриран на 7 јуни. Двајцата биле на работа во Ирак, а со истиот авионски лет се вратиле во земјата.

Пациентот не е во ризик. Нема ризик ниту од ширење на болеста, според направените епидемиолошки анкети и нема потреба од дополнителни анкети, рече Филипче.

Министерот вели дека сите вакцини штитат и од индискиот и од другите форми на мутации од смртен исход и од тешки компликации на болеста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.