Генералениот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус, испрати неколку совети до јавноста со кои во ова, како што вели, навистина тешко време за живеење, да останаме социјално изолирани, ама во добро физичко и ментално здравје.

– Јадете здрава храна за да го зголемите својот имунитет

– Ограничете го алкохолот и газираните пијалоци

– Не пушете – може сериозно да се влоши болеста

– Вежбајте барем 30 минути на ден за возрасни и еден час на ден за деца

– Ако ви е дозволено да излегувате, одете на прошетка, возете велосипед, но одржувајте безбедно растојание од другите.

– Ако не можете да го напуштите домот, играјте дома, практикувајте јога или одете нагоре надолу по скалите.

– Ако работите од дома не останувајте долго во иста позиција

– Направете пауза од три минути секои 30 минути

– Тргнете го умот од кризата. Читајте книга, слушајте музика или играјте игра.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.