Не го исполнивте ветувањето г-дине Филипче, му порача на министерот за здравство докторката Жаклина Шопова од Инфективната клиника во Скопје.
За платите на целокупниот медицински и немедицински персонал, за администрацијата во здравството, за паркингот…
Но ние продолжуваме со нашите обврски како продесионалци, не како политичари!, потенцираше Шопова.
Претходно докторката разочарано ги коментираше и одлуките на Комисијата за заразни болести, со кои, вели се направени по нечие барање и влијание.
Ако досега си дозволував да поделам некој превентивен совет кон сите Вас како лекар, после ваквите предлог мерки од релевантни институции во кои членуваат мои колеги, не сакам ни да помислам што може да се случи со СИТЕ НАС , ..а се прашувам зошто секогаш ако си професионалец треба да потпаднеш под нечие влијание, под нечие барање….Точно е дека ова трае можеби подолго отколку што треба , и на СИТЕ НАС И ВАС ни недостасува она што го имавме пред ова. Ако сите овие мерки кои беа превземени за НАШЕ ДОБРО преку ноќ ги повлекуваме , тогаш се наметнуваат многу прашања ,на кои за жал наместо да одговорат ПРОФЕСИОНАЛЦИ , одговорите ќе ни ги даде времето…
а јас ќе продолжам да делувам како лекар кога се работи за здравјето, порача Шопова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.