Квалитетот на здравството, лекувањето, хроничните заболувања, како и возраста кај населението се дел од факторите за високата смртност, вели Д-р Кејти Смолвуд од СЗО за ТВ 24.
Клучен фактор кој може да ја намали смртноста е високата стапка на вакцинација, но како важен фактор го посочува и третманот и медицинската нега на пациентите со КОВИД.
Работата која СЗО ја врши со колегите од Македонија за да се подобри квалитетот на нега во одделенијата за интензивна нега и во болниците, да се осигура дека кислородната поддршка се дава навремено и луѓе кои не мора да се стават на механичка вентилација, да не бидат ставени на механичка вентилација. Но, постојат и многу други работи и во моментов имаме многу моќна алатка, бидејќи повеќето хоспитализирања и смртни случаи се меѓу поранливите лица постарите и со хронични болести можеме да ја намалиме смртноста со зголемување на вакцинираните лица. Вакцинираните ќе бидат заштитени од хоспитализација и во најголем дел од смрт. И тоа ќе изврши драматично влијание врз смртноста од КОВИД – вели Смолвуд од СЗО за ТВ 24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.