Повеќето видови на вирусот САРС-Ков-2 имаат специфична мутација поради која вирусот е многу позаразен.
Во истражувањето објавено во медицинскиот портал „medscape.com“, се заклучува дека што повеќе време поминува од почетокот на пандемијата, толку повеќе тие видови стануваат подоминантни.
На почетокот на пандемијата имаше повеќе соеви на вирусот САРС-Ков-2, односно новиот корона вирус. Како што одминуваше времето, дојдовме до точка 99,9 отсто од сите видови кои моментално циркулираат да ја имаат Де614Ге мутацијата во врвот – пишува порталот.
Но, иако ова звучи лошо, не е толку лоша вест. Оваа мутација не е поврзана со најлошите клинички случаи и уште подобра вест е што овој сој добро реагира на за сега достапните лекови, па и на вакцините кои во моментот се тестираат.
Не само тоа, колку и да е лош коронавирусот, една вест е добра, а тоа е дека вирусот сепак споро мутира – вели авторот на оваа студија, д-р Илија Финклстин, додавајќи дека вирусот мутира поспоро од на пример, ХИВ, што значи дека научниците имаат повеќе време да го проучат.
Повеќето видови на вирусот САРС-Ков-2 имаат специфична мутација поради кои вирусот е многу позаразен, Што повеќе време минува од полетокот на пандемијата, толку повеќе видови се подоминантни, заклучуваат во истражувањето.
Д-р Илија Финклстин, својата работа на оваа тема ја објави на 30 октомври во медицинскиот магазин „mBio“. Во својата работа заклучува дека мутацијата Де614Ге е најчеста и дека во периодот од 5 до 11 мај во 82 од истпитаниците се наоѓала токму оваа мутација.
Потоа во периодот од 12 мај до 7 јули процентот на инфицирани токму со овој вид скокнал на 99,9 отсто. Тоа се однесува на пациенти од Хјустон кои ги набљудувал овој научник. Тој вели дека смета одти Де614Ге е доминантен затоа што ја зголемува можноста на врвот на вирусот да се ја отвори келијата и полесно да продре во неа.
Уште еден заклучок кој го донел е дека генетиката на пациентот игра важна улога во исходот на инфекцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.