Научниците утврдија дека коронавирусот може да влезе во телото преку очите откако утврдија дека окото содржи протеин кој инфекцијата го користи за врзување за клетките.
Коронавирусот се врзува за ACE-2 рецептори кои претставуваат „премини“ до клетките. Овие рецептори се наоѓаат во дишните патишта каде најпрво се инфилтрира вирусот.
Тимот предводен од Џон Хопкинс утврдил дека очите произведуваат ACE-2 рецептори и тоа ги прави главна мета на вирусот. Тоа значи дека ако капките од кивање и кашлање на заразено лице дојдат до површината на окото, вирусот во истиот момент би се инфилтрирал во клетките.
Oва ја објаснува и појавата што некои пациенти имале коњуктивитис-воспаление на окото од кое станува црвено и воспалено. Научниците велат дека не само што вирусот преку окото може да тигне во телото туку и солзите можат да играат улога во ширењето на инфекцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.