Според мислењето на бројни епидемиолози, вирусолози и специјалисти за заразни болести, светот би можела да има една година или помалку пред вакцините од првата генерација на Ковид-19 станат неефикасни поради што би биле потребни модифицирани формулации.

Научниците веќе долго време истакнуваат дека се потребни глобални напори за вакцинација за на задоволувачки начин да се неутрализира заканата од Ковид-19. Таквите предупредувања доаѓаат поради бројните нови видови на вирусот, кои се почесто се појавуваат, од кои некои се позаразни, смртоносни и поотпорни на вакцините.

Оваа мрачна прогноза е резултат на анкета во која учествувале научници, а која била изработена од Сојузот на народи за вакцини, коалиција на организации која ги вклучува Амнести Интернешенл и УНАИДС, пишува „Гардијан“.

Сојузот спровел истражување во кое учествувале 77 научници од 28 земји. Две третини од испитаниците рекле дека за помалку од една година ќе бидат неопходни нови вакцини.

Речиси една третина од испитаниците изјавиле дека таа временска рамка веројатно изнесува девет месеци или помалку.

Константно ниската покриеност на вакцини во многу земји би направила најверојатно појава на мутации отпорни на вакцини, велат 88% од испитаниците, кои работат во познати институции како Универзитетот Џонс Хопкинс, Јејл, Империјал колеџ, Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина и Универзитетот во Единбург.

Нови мутации се создаваат секој ден. Некогаш се поспособни од нивните претходници. Овие „среќни“ варијанти би можеле поефикасно да се пренесуваат и потенцијално да го избегнат имуниот одговор на претходните видови – вели Грег Гонсалвес, вонреден професор по епидемиологија на Универзитетот Јејл.

Тој ја истакнува важност за побрза вакцинација на што поголем број луѓе.

Доколку не го вакцинираме светот, оставаме отворен терен за се повеќе и повеќе мутации, кои би можеле да исфрлат нови варијанти способни да ги избегнат нашите моментални вакцини и ќе бараат додатни вакцини за да ги отстраниме – предупредува Гонсалвес.

Актуелните вакцини против Ковид кои добија итни одобрувања во различни делови на светот се комбинација на стари и нови технологии.

Од посебен интерес е пристапот иРНК кој го користат компаниите „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“, а со кој може со голема брзина (во рок од неколку недели или месеци) да се прилагоди на новите варијанти – меѓутоа, потешкотиите во производството секогаш претставуваат потенцијален проблем.

Но, тоа што е најважно е дека малку е веројатно дека таквите вакцините ќе бидат на дофат на сиромашните земји, бидејќи овој сет на вакцини е далеку поскап и има релативно тешки услови за складирање.

Во меѓувреме, земјите со богати ресурси како Велика Британија и САД дадоа најмалку по една доза од вакцините на повеќе од четвртина од својата популација и обезбедија стотици милиони залихи. Наспроти тоа, држави како Јужна Африка и Тајланд не успеаја да вакцинираат ниту 1% од својата популација. Некои земји се уште не ги добиле првите дози.

КОВАКС, глобалната коалиција на иницијатива за вакцини, се надева дека ќе може да обезбеди вакцини за најмалку 27% од жителите на земјите со ниски приходи во 2021 година.

Ургентноста која ја гледаме кај богатите држави кои сакаат да ја вакцинираат цела популација на возрасни до летото, едноставно не се одразува на глобално ниво. Наместо тоа, имаме КОВАКС кој цели на можеби 27% до крајот на годината ако тоа биде изводливо – тоа едноставно не е доволно добро – вели Макс Лосон, шеф на политики за нееднаквост во Оксфам и претседател на Сојузот на народи за вакцини.

Тој ги повикува производителите на вакцините против Ковид-19 отворено да ја споделат својата технологија и интелектуално сопствеништво за да се зајакне производството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.