Истражувачите од Универзитетот во Гент веруваат дека генетските разлики меѓу жителите би можеле да објаснат зошто во одредени земји од коронавирус настрадале многу поголем број на луѓе.

Според нив, ова би можело да објасни зошто скандинавските или источноевропските земји се помалку погодени од другите земји, пишува белгискиот „Ла Либре“.

Весникот посочува дека бројот на починати од коронавирус во скандинавските земји е многу помал од просекот и дека во балканските земји бројот на починати е релативно мал. Коронавирусот, од друга страна, тешко ги погодил северниот дел на Италија, Шпанија и Њујорк.

Белгиските научници откриле дека колку повеќе жителите на некои земји имаат Д полиформизам на генот ACE1, толку помалку смртни случаи има на тоа подрачје од коронавирусот.

Полиформизам е поим кој во генетиката опишува појава на повеќе варијанти од истиот ген внатре во една популација.

„Колку понатаму одиме кон истокот на Европа почест е полиморфизмот на генот ACE1 D”, објасни професорот Јoрис Деланж, посочувајќи дека сериозноста на епидемијата Ковид-19 се намалува одејќи од западна кон источна Европа. Научниците сметаат дека дури 41 отсто од разликите во јачината на пандемијата во одделни земји може да се објасни со зачестеноста на полиморфизмот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.