Австралиски научници извршиле истражување кое покажало дека асимптоматските случаи на корона вирус имаат 42 отсто помали шанси да го пренесат Ковид-19.
Според студијата предводена од Ојунгерел Бјамбасурен, истражувач од Универзитетот „Бонд“ во Голд Коуст, во поширокиот регион на Бризбејн, луѓето кои имаат корона вирус, но немаат симптоми, имаат значително помала веројатност да ја пренесат заразата на друго лице.
Aнализата која опфатила 13 студии и 21.708 случаи, покажала дека 17 отсто од пациентите немаат никакви симптоми на Ковид-19, додека во некои претходни студии се наведуваше дека оваа бројка може да достигне до 81 отсто, објави веб-страницата „nature.com“.
Причината зошто се правата вакви истражувања за веројатноста асимптоматските пациенти да го пренесат вирусот е тоа што тие инфекции вообичаено поминуваат незабележени. Истовремено, тестирањето, во најголем број земји, е насочено кон луѓето што имаат симптоми.
Истражувачки тим од Женева, Швајцарија, се обидел да утврди колкава е заразноста меѓу луѓето што живеат во едно домаќинство. Нивниот заклучок е дека лице без симптоми, но позитивно на Ковид-19, има една четвртина помалку шанси да го пренесе корона вирусот во споредба со лице што има симптоми.
Ако асимптоматските случаи навистина слабо го пренесуваат Ковид-19, тогаш тие не се никакви тајни преносители на вирусот. Тие не кашлаат, не киваат и веројатно не оставаат патогени на разни површини, како што тоа можат да го направат пациентите со симптоми – вели Бјамбасурен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.