Пациентите заболени од Ковид-19, коишто поради оноколошки заболувања истовремено се подвргнати на хемотерапии или зрачење, методи на лекување карциноми кои го слабеат новниот имунолошки систем, може да останат заразни и да го шират корона вирусот и повеќе од два месеца од почетокот на заразата, покажуваат резултатите од студијата објавена во научното списание „New England Journal of Medicine“.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) во моментов им препорачува на здравствените работници во текот на лекувањето на ваквите пациент кај кои е загрозен имунолошкиот систем, да применат дополнителни мерки на претпазливот, како што се носењето респораторни наместо хируршки маски за лице, како и да ги изолираат пациентите до 20 дена по појавата на симптомите.

Во новата студија експертите анализирале примероци од слуз и брисеви на 20 имуносупримирани пациенти коишто боледувале од рак, а истовремено биле заразени со корона вирусот.

Научниците утврдиле дека тројца пациенти опфатени со истражувањето биле заразни и подолго од три седмици по појавата на симптомите, а еден од нив бил заразен дури 61 ден.

Тројца пациенти во претходните шест месеци биле подложени или на трансплантација на матичните клетки или на терапија со генетски модифицирани имунолошки клетки наречени ЦАР T-клетки. Кај двајца се развила потешка форма на Ковид-19 и се покажало дека ниеден од споменатите онколошки пациенти немал антитела на вирусот.

Сегашните препораки во јавното здравство за пациентите со Ковид-19 и слаб имунолошки систем се втемелени на лимитираните податоци и веројатно ќе треба да бидат ревидирани, истакнуваат научниците објавени во писмото во ова списание.

Од неколку претходни студии знаеме дека доколку спаѓате меѓу здравите лица, по првата седмица од болеста повеќе не сте заразни, но за имунокомпромитираните пациенти знаеме многу малку – пишува др Мини Камбој, една од авторките на студијата од Центарот за рак во „Memorial Sloan Kettering“.

Камбој додава дека не може со сигурност да се каже дали онколошкиот пациент кол боледува од Ковид-19 е заразен и три седмици од почетокот на заразата и дали треба медицинскиот персонал и членовите не неговото семејство да спроведуваат превентивни мерки и подолго од тоа.

Иако веројатно само мал број пациенти кои истовремено боледуваат од некоја форма на карцином и од Ковид-19 веројатно ќе останат заразни подолго време, во секој случај постои ризик за кој мора сериозно да размислиме. Мораме постојано да имаме на ум дека имунокомпормитираните пациенти може да бидат заразни за луѓето околу нив и подолго од очекуванито период – се наведува во студијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.