Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе можат да добиваат метадон на пет локации кои им се најблиску до местото на живеење, односно во поликлиниката во населбата Ченто, во поликлиниката „Јане Сандански“, во Психијатриска болница-Скопје, на веќе познатата локација во општина Кисела Вода и во Градската општа болница „8 Септември“, информираат од Министерството за здравство.
Во интерес на пациентите е да бидат во пункт во својата општина или општината која е најблиску до локацијата на која се наоѓа пунктот. Распределувањето на психијатрите е во рамки на внатрешната организација на Психијатриска болница–Скопје. Во тек се техничко-административните подготовки на пунктовите кои се веќе просторно опремени. Согласно завршувањето на подготовките, пунктовите ќе бидат веднаш пуштени во функција“, велат од Министерство за здравство.
Од Министерството посочуваат дека регистрирани се вкупно 520 пациенти кои се дел од програмата за лекување и третман на зависности. Се планира по околу 120 пациенти да ја земаат терапијата во наведените пунктови, освен во ГОБ „8 Септември“ каде ќе ја земаат помал број пациенти.
Одлуката на здравствените власти доаѓа откако жителите на Кисела Вода со протести бараа дислокација на Центарот, а претходната идеја да се префрли во Гази Баба не беше прифатена ниту од тамошните жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.