И по 31 година амбулантните возила на итната помош од Струга и од Отешево превезуваат патници, а најкористеното амбулантно возило е сопственост на Здравствениот дом Кичево и во работниот век поминало 1.360.000 километри, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации Скопје.
Во цела држава има вкупно 183 санитетски и возила за прва помош со кои располагаат 47 здравствени институции. Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53% се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција.
За споредба со амбулантните возила, министерствата и општините (според базата на податоци што Центарот за граѓански комуникации ја објави во октомври 2018 година) имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 15-то патничко возило доаѓа по едно амбулантно возило.
Просечната старост на амбулантните возила е 11 години, односно тие се просечно произведени во 2008 година. 13% од возилата се произведени во минатиот век, односно пред 2000 година, стои во истражувањето на ЦГК.
Двете најскапи возила од 153.460 евра и 137.260 евра ги поседува Клиниката за детски болести од Скопје. Најмногу амбулантни возила има во Скопје – 30 и во Охрид и Битола по 12.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.