Корејската агенција за контрола и превенција на болести (KDCA), објави резултати од истражувањата во кои што е наведено дека само една доза од вакцините „АстраЗенека“ и „Фајзер“ била околу 87 отсто ефикасна во превенција од заразата кај луѓето постари од 60 години.
Податоците од KDCA покажуваат дека „Фајзер“ делувала 89.7 отсто во превенција од заразата, најмалку две седмици по примањето на првата доза, додека пак ефикасноста кај вакцината „АстраЗенека“ била 86 отсто.
Истражувањето било направено на над 3,5 милиони луѓе во Јужна Кореја, постари од 60 години, вклучувајќи и 521.133 луѓе кои што ја примиле првата доза од една од наведените вакцини. Наведеното истражување траело два месеци.
Во податоците од тој период регистрирани се 1.237 случаи на зараза со коронавирусот, а само 29 од вакцинираната група граѓани.
Покажано е дека и двете вакцини имаат висока заштита од болеста по само првата доза. Луѓето треба да се вакцинираат според распоредот затоа што стапката на заштита ќе биде поголема по примање на втората доза од вакцината“, навеле од KDCA.
Овие податоци доаѓаат како последица на настојувањето на Јужна Кореја да го охрабри процесот на вакцинација откако извештаите за потенцијалните здравствени и безбедносни проблеми ги одвраќале луѓето да се имунизираат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.