Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава изнесува 3 135, велат најновите информации од Министерството за здравство. Најмногу активни случаи има во Скопје – 1 053, следуваат Тетово со 755, Гостивар 370, Куманово 193, Кичево 161, Струмица 88, Битола 75, Дебар 71, а во Охрид и во Струга има по 67 активни случаи.

Во останатите градови бројот е помал. Во Прилеп има 28 активни случаи на ковид-19, во Велес 21, Кавадарци 31, Штип 18, Кочани 27, Гевгелија 2, Свети Николе 9, Ресен 8, Крива Паланка 2, Радовиш 19, Берово 18, Делчево 3, Виница 12, Пробиштип 2, Валандово 11, Демир Капија 2, Македонски Брод 13, Пехчево 8 и Македонска Каменица 1.

Без активни случи на ковид-19 се Неготино, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Дојран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.