Утре во Битола ќе се одбележи Светскиот ден за борба против Хепатитот во организација на Хепар Центарот од Битола. На самиот настан ќе бидат присутни и директорката на канцеларијата на СЗО во Македонија, претставници од инфективната клиника, гастроентерохепатологија, ЕЛПА, како и локалната самоуправа и здравствените институции во градот.

Светската Здравствена Органзиација објави дека 171 000 пациенти годишно умираат од причини поврзани со вирусен хроничен хепатитис Б или Ц.

Како што велат од Хепар Центарот Битола, македонските статистики воопшто не се наивни. 1% од населението во Македонија е инфицирано со хроничен хепатитис Б или Ц.

Хепатитис Ц е првата излечива хронична вирусна инфекција во медицинската историја. Хепатит Б пак е превентивна вирусна инфекција која што може да се третира доколку стане хронична. Истражувањата велат дека со навремено информирање и превенирање, достапност до третмани и иновативни лекувања, во следните 5 до 10 години, смртноста од хроничен хепатитис може да се намали и до 70%.

Затоа, како што потенцира Милан Мишковиќ, време е да ги промениме нашите животни навики. Светската пандемија веќе ни докажа дека се може да застане, кога е здравје во прашање. Годинешната кампања, е поддржанa од јавни личности од нашата земја, како што се групата Нокаут и Елена Ристевска – ЕРА кои со својата вклученост придонесуваат за зголемување на јавната свест против овие заболувања.

Хепар Центар Битола е дел од глобалното и европското движење NOhep, и EndHep Europe под покровителство на Светската здравствена организација,светската алијанса за борба против хепатитот и ЕЛПА.

Македонија може да биде модел за другите земји по одос на мерките кои се преземаат за борба со хепатитот, истакна Марко Корењак, претседател на ЕЛПА.

Настанот е поддржан и во партнерство со Министерството за здравство, како и Центарот за јавно здравје Битола, Инфективна клиника, клиника за гастроентерохепатологија, Црвен крст на Македонија и др.

Статистиките на глобално ниво покажуваат дека, 80% од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат може да добијат карцином на црниот дроб или малигното заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опасност по животот на пациентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.