Франција во средата објави 5.429 нови случаи на коронавирус за да достигне вкупно 253.587 инфекции низ целата земја. Ова е најголем пораст на дневните случаи во земјата од април.
Агенцијата за јавно здравје исто така објави дека 22 пациенти починале во болниците во изминатите 24 часа. Вкупниот број на починати како последица од Ковид-19 во Франција изнесува 30.544 жртви.
Во извештајот, исто така се вели дека 4.600 пациенти остануваат на болничко лекување, од кои 48 се во критична состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.