Во моментов има повеќе вакцини, можеме да ги споменеме оние за кои најмногу се зборува „фајзерова“, „модерна“ и „астра-зенека“. Кои се разликите помеѓу овие вакцини, како тоа една фармацевтска куќа развива еден тип вакцини, а друга друг вид, одговара во интервју за РТС ексдиректорот на Европската агенција за лекови ЕМА, научникот, професор Гвидо Рази.
Мислим дека тоа е голема среќа бидејќи не моравме да се обложиме само на еден коњ, како се вели. Значи, разликите меѓу вакцините се многу големи, користат потполно различни технологии. „Фајзер“ и „Модерна“ се мошне слични, бидејќи користат РНА преносител, па тоа е многу безбедно и помалку инвазивно од одредена точка на гледиште, и тоа е помодерен вид вакцина која се произведува побргу. Едни користат липидна компонента, па оттаму мора да се чува на многу ниски температури, да се чува на -70, – 80 степени. „Модерна“, пак, користи друг вид вектори кој е постабилен, но по ефикасност би требале да бидат исти, ќе видиме.
Од друга страна „астразенека“ користи вирален вектор кој е многу покласичен, ДНК вектор кој реплицира, други користат оние баш најстари типови вакцини. Тие така да кажам најпримитивните, но кои се многу ефикасни, тоа се вакцини кои за овие 100 година навистина ни помогнаа. Значи, кај нив е помал ризик, но производството е побавно. И добро е што ги имаме, бидејќи после ќе откриеме дека постои вакцина за секој, вели Рази.
Во една дискусија помеѓу вирусолози во Италија, некои од нив велат дека имаат најмногу доверба во оние старите, протеинските вакцини, класичните, кои најмногу ги познаваат додека за овие новите велат дека им се многу непознати.
Мислим дека најдобрата вакцина е таа која ќе стигне прва. Јас, веројатно, би се определил за „Модерна“… еден од проблемите, односно нешто што сме го виделе како проблем, иако немало никакви последици, на пример токму поради тие протеинските супстанции, е дека биле поболни од овие новите, содржат жива и сл. Тоа всушност се некои ситни работи, но ако можеме да ги избегнеме, зошто да не. Ете, сега кога имаме можност да ги немаме повеќе овие проблеми, повторно не сме задоволни?
Значи, отворен сум за сите видови вакцина, јас сум имунолог, а основниот принцип е ист за сите. Тоа е всушност еден вид трик за имунолошкиот систем, му даваме информација која е еден вид шпион кој што ни кажува кој „код” го користи непријателот. На кој начин ќе му ја дадеш таа информација на имунолошкиот систем не е многу важно, смета Рази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.