Повеќето луѓе кога купуваат крема за сончање единствено обрнуваат внимание на заштитниот фактор. Сепак, овие креми имаат уште една многу важна ознака која ја означува ефикансноста на заштитата оценета со ѕвездички, а експертите во ова поле препорачуваат да се посвети поголемо внимание на неа.
Најделотворна и најдобра е онаа крема која на декларацијата содржи ознака „SPF“ која укажува на заштита од УВБ и ППД кои, пак, укажуваат на заштита од УВ зраците, а нивната размена треба да биде 3:1 или 2:1.
Една ѕвездичка е минимална заштита, две – средна заштита, три – добра, четири – многу добра затштиа и пет одлична.
Така, прозизвод со SPF 30 и 4 или 5 ѕвездички се смета за најдобра комбинација за заштита од сончевото зрачење.
Исто така потсетуваме дека кремите се нанесуваат половина час пред излегување на сонце. Децата до две години не би требало да се вадат надвор по високите температури, додека постарите деца треба да користат креми со поголем заштитен фактор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.