Исчкртани ѕидови, нема прозорци, со оштетен плафон и под. Во ваква состојба е амбулантата во Ѓорче Петров. Над 3 илјади пациенти, главно деца, се лекуваат во оваа амбуланта, пренесува „Здравство“.
Амбулантата е изградена за привремена употреба, по земјотресот во 1963 година. Од тогаш во овој здравствен дом не е инвестирано.
Многу е стар објектот. Има 80 години. Изградени се во времето на комунизмот. Овде одиме на преглед, вели граѓанин.
Овој здравствен дом е даден под концесија, но според лекарите одржувањето треба да го направи Министерството за здравство. Верица Манчевска, која е педијатар 35 години во оваа амбуланта, вели дека веќе 15 години амбулантата не е бојадисана. Таа додаде дека има и недостиг не педијатри.
Повеќе на „Здравство“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.