Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирусот Covid-19 во светот надмина 7.000, а Италија потврди нови 349 смртни исходи од заболувањето во последните 24 часа, што претставува скок од 19,3 отсто, известија агенциите во врз основа на официјалните податоци собрани до 18 часот во понеделникот.
Вкупно 7.007 луѓе починале на 175.536 евидентирани заразени во светот.
По Кина, која има најголем број на смртни случаи со 3.213, следи Италија со 2.158 починати на речиси 28.000 заразени, Порасот од претходните 24.747 заразени изнесува 13 отсто, што е најбавната стапка на зараза од појавата на епидемија од 21-ти февруари, пишува агенцијата Reuters.
Меѓутоа, челникот на италијанската Агенција за цивилна заштита, Анџело Борели, рече деке сѐ уште се очекуваа податоците од јужната покраина Пуљ и од северна покраина Тренто, пренесува AFP.
Во Италија од првично заразените потполно оздравеле 2.749 лица што е пораст во одно н 2.335 во неделата. На интензивна нега се 1.851 лице, што е пораст на однос на 1.672 ден претходно, според италијанската цивилна заштита.
Повеќе од 175.530 заразени се регистрирни во 145 земји и територии во светот од избувнувањето на пандемијата,. Меѓутоа, оваа број на дијагностицирани случаи потполно не ја одразува стварноста, бидејќи голем број држави не спроведуваат доволно тестирања туку само ги тестираат лицата во болниците, наведува AFP.
Во однос на состојбата во неделата до 18 часот, потврдени се 587 нови смртни случаи, односно 11.597 нови случаи на инфекција, додава агенцијата.
По Италија во изминатите 24 часа најмногу смртни случаи има во Иран – 129, а потоа во Франција – 36.
Кина, без Хонгконг и Макао, каде што избувна пандемијаа кон крајот на ланскиот декември, има вкупно 80.860 случаи, од кои 3.213 почината и 67.490 излекувани. Од неделата до понеделникто се регистриани само 16 нови случаи на зараза и 14 нови смртни исходи во Кина.
Без Кина, во светот вкупно до 18 часот во понеделникот има 3.794 полинати, тпо е 573 нови смртни случаи на 94,676 заразени, од кои 1.581 се нови.
Кога станува збор за смртните исходи од заразата, по Кина досега најмногу мртви има во Италија – 2.158 на 27.980 болни, во Иран – 853 на 14.991, во Шпанија – 309 починати на 9.191 заразен, и во Франција вкупно 127 мртви на 5.423 заразени.
Од неделата во 18 часот до понеделникот во истото време Португалија, Бахреин, Унгарија, Гватемала и Луксембург ги потврдија своите први смртни случаи предизвикани од коронавирусот на нивна територија.
Првите случа на зараза објавија во понеделникто Тринидат и Тобаго, Либерија, Сомалија и Танзанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.