До денеска, повеќе од 30 милиони луѓе во светот заздравеле од коронавирус, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдметрс“.

Во исто време, повеќе од 40 милиони луѓе се заразени од почетокот на пандемијата. Во моментов има околу девет милиони активни случаи.

Повеќе од 1,1 милиони пациенти ја загубија битката со короната.

Најголем број пациенти се уште има во САД – 8,3 милиони, Индија – 7,5 милиони, Бразил – 5,2 и Русија – 1,4 милиони.

Од европските земји, најпогодени се во Шпанија – 982.723, во Франција 867.197 и во Велика Британија 705.428.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.