Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје, како носител на националната камања „Биди срцевина, биди херој“, јавно сака да изрази искрена благодарност до сите учесници на вчерашниот „Виз Ер скопски маратотон“ за огромниот одзив на потенцијални дарители на коскена срцевина.

На штандот на клиниката, за помалку од два часа, се пријавија околу 100 доброволни дарители, кои од вчера стануваат дел од националниот дарителски регистар, а со тоа и дел од 30 милионското семејство на дарители на коскена срцевина обединето во светскиот регистар. Најмладиот од нив имаше само 17години.

Не прави неизмерно среќни и задоволни фактот што грѓаните и учесниците на вчерашниот маратон, покажаа исклучително висока свест за хуманост и солидарност. Одзивот ги надмина нашите најоптимистични очекувања и покажа дека можноста да се биде од полза за да се спаси нечиј живот е препознаена и кај нас. Луѓето сакаат да бидат дел од оваа заедничка хумана мисија. Честитки до сите хумани граѓани. Стручно-медицинскиот персонал на Клиниката за хематологија, Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ-Медицински факултет-Скопје, националниот координаторот за трансплантација з заедно со пријателите и подржувачите на кампањата активно учество во маратонот. Тие истрчаа со цел да ја пренесат пораката на кампањата до сите присутни, дека со запишување во регистерот се зголемуваме можноста да се спаси живот, соопштија од Клиниката.

Клиниката за хематологија известува дека ќе продолжи да бара различни прилики и поводи и ќе биде секаде каде ќе може да им ја доближи можноста на потенцијалните дарители да се стават на располагање за да спасат нечиј живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.