Директорот на Ургентниот клинички центар д-р Алберт Леши изјави дека во текот на изминатите 24 часа на Ургентен биле прегледани 105 пациенти.

Од нив, 13 се примени на Хируршките клиники, шест биле со повреди во сообраќајни незгоди, тројца пациенти со повреди од пиротехнички направи и еден пациент бил донесен од Градската општа болница „8 Септември“ со повреди од остар предмет.

Одговарајќи на новинарско прашање, д-р Леши рече дека меѓу повредените пациенти има од сите возрасти. Тој додаде дека во споредба со претходната година бројот на примените пациенти е многу помнал.

За пациентот кој бил донесен од ГОБ „8 Септември“ во Ургентниот центар околу 18 часот во алкохолизирана состојба, д-р Леши рече дека бил повреден од остар предмет во семејна расправија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.