Дванаесет гости на куќна слава во Прилеп, завршиле во болница, откако се затруле од месо што го јаделе на прославата, објави „Слободен печат“.

Тројца од гостите веднаш биле пуштени на домашно лекување со терапија, а деветмина биле третирани во дневната болница.

Директорката на ДСЗИ, доктор Ирина Сотирова Бухова вели дека постои сомнежот оти причината за труењето е месо што било купено од месарницата „Харизма“ во Прилеп, а сите 12 пациенти имале симптоми на алиментарна токсоинфекција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.