Во земјава недостасуваат 600 лекари покажуваат анализите на министерството за здравство. Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета во охридската болница потенцира дека министерството интервенирало со тоа што во текот на минатата година биле вработени 3200 лица од кои најмногу лекари и медицински персонал.

Министерот Филипче потврди дека ќе се гради најавената поликлиника во Охрид за која изработена е физибилити студијата. Останува уште да се избере локацијата, додека во Струга се работи на урбанистичкиот план за изградба на нов современ здравствен објект.

Министерот за здравство Венко Филипче кој присуствуваше на примопредавањето на амбулатното возило за транспорт преку разговори со менаџерскиот тим се запозна со проблемите и расположливата опрема и најави дека скапите апарати ќе се набавуваат во една од болниците и ќе бидат ставени на располагање за потребите на пациентите во целиот регион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.