На интерните клиники има слободни кревети, пристап до кислород и сé што е потребно за лекување на пациентите со ковид-19, вели министерот за здравство Венко Филипче, осврнувајќи се на состојбата со болничките капацитети, особено на интерните клиники кои од неодамна хоспитализираат пациенти со ковид-19.
Согласно утринскиот извештај на установите кои згрижуваат ковид пациенти, на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 20, а на Институтот за ТБЦ 54 пациенти.
Во моментов слободни места има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември, каде во моментов се сместени 161 односно 79 пациенти соодветно.
На Интерните клиники има слободни кревети, пристап до кислород и сé што е потребно за лекување на пациентите. Огромен е притисокот во изминатите денови меѓутоа со ова дополнително обезбедување на болнички капацитети, оспособување на интерните одделенија, подготовката на кадарот, системот на ротација, обезбедени се слободни капацитети. И за периодот којшто доаѓа имаме план за сместување на пациенти и на други интерни клиники и секако план за распоред на стручниот кадар, лекари интернисти и медицински сестри коишто ќе работат со ковид пациенти. Во овој момент сé уште нема потреба да се менува системот за закажување МојТермин меѓутоа, спремни сме да ако дојде до тоа, практично, се намали редовниот програм во повеќе болнички установи, не само со цел да се обезбеди доволно сместувачки капацитети туку и кадарот да биде на располагање, изјави министерот Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.