Според директорот на Клиниката за токсикологија, Нагип Зумбери, за новогодишните и божиќните презници во просек доаѓаат по околу десет пациенти. Најчесто, седум – осум се буквално прејадени.

За новогодишните празници речиси секоја година на Клиниката доаѓаат од седум до 12 пациенти. Се жалат на болки во желудникот најмногу поради претерано внесување мрсна храна. Некои имаат панкреатит, други гастрит. Најчестите симптоми се гадење, повраќање, болки во желудникот. Се дава генерално симптоматска терапија, за смирување болка, пациентите ако има потреба се рехидрираат и им се надоместуваат електролити, објаснува Зумбери.

Тој укажува да се води сметка при внесувањето храна посебно во овој период од годината кога сите сме по малку еуфорични.

Кон препораките за правилна исхрана, „се приклучува“ и не помалку важната: одржувајте здрава телесна тежина и бидете физички активни секој ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.