На Клиниката за кадриохирургија денеска била успешно оперирана пациентка со голем тумор на матката со сериозно вродено срцево заболување, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Денес, тимот на Клиниката за гинекологија и акушерство изврши успешен хируршки зафат на голем тумор на матка кај пациентка со сериозно вродено срцево заболување. Поради таквите околности интервенцијата кај 40- годишната пациентка беше неопходно да биде извршена на Клиниката за Државна Кардиохирургија, велат од ГАК.
Стручниот тим на ГАК бил предводен од проф. д-р Марјан Стојовски и останатиот дел од тимот на специјалист: Асс. Др. Даниел Милковски, Др. Милица Арсевска – лекар на специјализација, Доц.Др. Дафина Караџова – анестезиолог и инструментарка Дениза Хаџиќ.
Тие уште еднаш ја докажаа пожртвуваноста и во вонредни услови на пандемија, во услови кога пациентот е загрозен со живот, исправени пред предизвик, координирано интердисциплинарно со своите колеги од другите клиники го направат максимумот да спасат уште еден млад човечки живот. Тимот од Клиниката за гинекологија и акушерство оваа сложена интервенција ја изведе во соработка со своите колеги од Клиниката за Државна кардиохирургија: интернист д-р Марија Геракаровска- Радовиќ и анестезиолозите од државната кардиохирургија д-р Надица Мехмедовиќ и д-е Весна Миташова, велат од ГАК.
Лекарите додаваат дека станувало збор за сериозно срцево заболување кај пациентката и постоел голем ризик од воведување во анестезија и извршување на самата хируршка интервенција поради што на пациентката и бил потребен инвазивен хемодинамски мониторинг и интраоперативно трансезофагеална ехокардиографија како и континуирано следење на волуменскиот биланс.
По завршувањето на интервенцијата пациентката е во стабилна општа состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.