На Клиниката за Инфективни болести речиси една недела немаат тетанус вакцина или серум, терапија која е неопходна за пациенти каснати од куче или со исекотини на телото.
Од Инфективна за „Сител“ потврдуваат дека немаат тетанус вакцина и серум. Ги потрошиле количините бидејќи имаат зголемен број на пациенти кои имаат потреба од ваква терапија а кај нив доаѓале и од другите градови. Нејасно е што прават пациентите ако не најдат лек во аптека.
Од Клиниката за инфективни болести велат дека во понеделник ќе биде отворањето на понудите од тендерот и за две недели очекуваат да добијат вакцини и серуми.
Инфектолозите велат дека во зависност од повредата, пациентот може да добие и вакцина и серум. Речиси секој ден во полицискиот билтен има по најмалку еден случај на каснат од куче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.