Целиот здравствен систем е активиран и мобилизиран со цел успешно справување со ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче преку својот профил на Фејсбук.

Инфективната клиника по систем на ротација се зајакнува со 27 медицински сестри од здравствените установи низ земјава. Додека пак, во „8 Септември“ како поддршка се испраќаат 27 медицински сестри и двајца интернисти. Нашиот тим функционира како едно и го дава својот максимум за третман на сите пациенти дијагностицирани со ковид-19, порача Филипче.

Поради недостигот од медицински кадар се реализира барањето од Министерството за здравство за привремена прераспределба на нови работни места, а на здравствените работници од Кочани кои од денеска во следните две недели ќе бидат ангажирани во Скопје, ќе им се придружат и нивни колеги од болниците во Велес, Кавадарци и Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.