Четири лица со компликации од грип од кои едно во тешка здравствена состојба и осум други кои имаат симптоми на вирусот се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести. Меѓу заболените нема деца.
Посочуваат дека пациентот во тешка здравствена состојба со грип и хронична белодробна болест е примен вчера и е сместен на Одделот за интензивна нега.
Минатата недела амбулантски се прегледани 30 пациенти. Вчера и денеска четворица пациенти се амбулантски прегледани, наведуваат од Клиниката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.