Освен 16-годишната пациентка која е со церебрална парализа со пневмонија како компликација од морбили и е на механичка вентилација на Универзитетската клиника за инфективни болести, уште едно дете и двајца возрасни се во тешка состојба, информираат од оваа јавна здравствена установа.
Во изминатите 24 часа се прегледани девет пациенти и сите се хоспитализирани. Станува збор за две лица на возраст од 31 година од Бутел и од Тетово, 40-годишник од Сарај, 49-годишник од Чучер Сандево и 29-годишник од Струга, сите невакцинирани, 36-годишник од Бутел со непознат вакцинален статус, како и четиримесечно бебе од Сингелик, 11-месечно бебе од Гостивар и 2,5 годишно дете од Сопиште, сите невакцинирани.
На Клиниката има 46 пациенти од кои 28 се возрасни и 18 деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.